Седмицата што заминува беше возбудлива на меѓународната автомобилска сцена па ни овозможи да ви подготвиме интересен колаж. Повеќе од јасно е дека азијските марки го превземаат приматот со префрлувањето на производство на електрични возила. Токму поради тоа формирана е Sony Honda Mobility, компанија која ќе произведува БЕВ и технологија за нив. Од Виетнам на Стариот континент пристига VinFast кој во Осло го промовираше почетокот на своите европски операции. Од друга страна европските марки го менуваат својот визуелен идентитет како што направи Dacia, лансираат лимитирани серии, спортски верзии и се потсетуваат на славното минато. Што добивате за осум милиони евра покажува Bugatti, а од класиците денеска се присетуваме на Ferrari 250 GTO.


