Renault – Dacia

Драга, дали си размислувала за развод? Дали Renault ќе ја продаде Dacia или ќе понуди партнерство во сопственоста? Доколку се добие нов сопственик постои можност фабриката во Питешти да биде затворена, а производството да се пресели во трета земја. Опциите следат во видеото!

SSC Tuatara – Нов претендент за престолот

Кој сака да го симне Bugatti од престолот? Со твин-турбо 5,9-литарски V8 мотор кој произведува до 1.768 КС (1.300 kW) кога работи на метанол SSC Tuatara сака да ја надмине границата од 300 милји на час или 480 км/ч… Овој пат не успеа само за 8 км/ч!

НОВА ПРЕМИЕРА – Авто Магазин

36-та премиера во оваа сезона… Дали Renault ќе ја продава Dacia, SSC Tuatara сака да биде најбрз супер автомобил, Maserati со поглед во небо, доаѓаат соларните автомобили, VW Touareg наполни 20 години, Scenic флертува со водородот, Skoda Afriq ја слави младоста и еланот…

Mahindra BEV 2025 – ВИДЕО

Примерот на Тата ги охрабри сонародниците од Mahindra да ги претстават своит планови за електрификација. Со несебична помош на Фолксваген индијска марка ќе влезе во светот на батериските електрични возила најдоцна до 2025.

BMW 3 – Видео

Обновена најмалата баварска лимузина Популарната серија 3 излезе од спа центар каде го доби закажаниот третман за „средновечната криза“. Малите козметички зафати на надворешноста направија освежување на впечатокот додека во внатрешноста колото го водат екраните, конективноста и докажаните асистенти на возачот.

Еуроимпекс – Електрична флота

Вистински празник беше претставувањето на електричната флота сочинета од 10 модели. Еуроимпекс ги изложи адутите на Peugeot и Opel покажувајќи ја цврстата определба да ги спроведе глобалните планови на принципалите на локално ниво.

Авто Магазин – Нова Премиера

Денеска бидете подготвени за изненадувања. Покрај освежувањето на BMW серија 3 која стартува од следниот месец, седмицава што изминува беше богата со настани на домашната сцена на која се случија две електрични празнења. Првото го иницира Еуроимпекс со преставување на десет електрични и електрифицирани модели од гамата на Peugeot и Opel. За второто сме виновни […]

Bentley Bentayga EWB – ВИДЕО

Од неговото појавување Bentayga побудува различни емоции. Никој не останува рамнодушен на неговиот перфектно изведен интериер, но многумина ја коментираа големата каросерија. Сега Bentley оди понатаму и го растегна растојание на тркалата за 18 сантиметри. Едноставно наречена „продолжено меѓуоскино растојание“ оваа Bentayga е дворец на тркала исполнет со раскош што се граничи со декаденција.

Good Year – Eagle F1 Asimmetric6

Eagle F1 Asymmetric 6 е најновиот производ на GoodYear во категоријата на ултра перформансни летни пневматици. Шестата генерација на ова семејство е дотерана да пружи идеален баланс на перформансите на сув и влажен коловоз без да се компромитира удобноста. Дали е така ќе видиме од денеска кога влегоа во официјална служба кај нас.

Range Rover Sport 2022 – ВИДЕО

Новиот регент на тацна Пред нешто повеќе од 50 години, Land Rover комбинираше два навидум некомпатибилни елементи и воведе сосема нова категорија на теренски возила. До тогаш робусните теренци се користеа како работни коњи, а единствениот раскош беа тапацираните седишта и греењето во кабината. А потоа дојде Range Rover и се преврте наопаку! Сега британските […]