Видео – Авто Магазин нова епизода
Не беше големо изненадување одлуката на членките на ЕУ да го забранат производството на возилата со мотори со внатрешно согорување. Каде сме ние ќе бараме одговор во некоја друга прилика, а во денешниот колаж имаме прилози од целата планета. На тест го имаме гостинот од Кина кој од неодамна е присутен кај нас. Под лупа […]
ВИДЕО – Mercedes EQE SUV Paris 2022

Штутгартската ѕвезда првично се согласи да биде дел од Мондиалот на автомобили, па се премисли… Сепак премиерата на спортско-корисното возило EQE се одржа во градот на светлината во павиљон одалечен три километри од саемот.
ВИДЕО – Hopium Machina

Водородот како погонско гориво не е имагинација туку реалност. Реалност е и мускулестиот Machina кој е прв производ на францускиот Hopium. Домаќините кажаа дека ќе може да се купи во 2025 г. по цена од 120.000 евра.
ВИДЕО – Peugeot Paris 2022

Како се претстави лавот во сопствената савана? Честа на групацијата Stellantis ja одбрани Peugeot. Новиот 408 е необична симбиоза на стил и просторност која ќе се докаже на дело од самиот почеток на идната година. Публиката добро го прифати новитетот кого може да го очекуваме и кај нас во втората половина на 2023 г.
Авто Магазин – Нова епизода

Есента секогаш е во знакот на автомобилските саеми. По четири години апстиненција повторно на календарот се најде смотрата во Париз која беше најбледата досега. Малубројните излагачи комотно ги собра во две хали. Честа на Французите ја одбранија Peugeot и Renault додека шансата да се биде виден ја искористија кинеските марки… Го претставуваме првиот електричен Rolls […]
Test Opel Astra Ultimate – ВИДЕО

Што посакавме, тоа ни се оствари. Кога пред девет месеци ја цвозевме новата Opel Astra во Португалија имавме желба да ја извозиме и на нашите патишта. Со својот турбо-дизел мотор и осум степен автоматик руселсхајмската ѕвезда покажа дека е способна да сјае на секое ќоше од планетава!
BMW M2 – ВИДЕО

Многу малку модели останаа да се гордеат со старите вредности. Пријатно изнендаување ни приредија Баварците со лансирањето на М2 кој е еден од ретките во светот кој нуди вистински вредности. Еве за што зборуваме…
Hyundai Ioniq 6 – ВИДЕО

Со желба да биде еден од енергетски нај ефикасните модели на пазарот Hyundai го најавува Ioniq6 на сите ѕвона. Знаејќи ги Корејците, тоа не го прават без здрави аргументи.
Авто Магазин – Нова епизода, петта во сезона 27

Во светот на четирите тркала се случуваат контроверзни работи. Додека официјалната мантра е електрификацијата, се појавуваат изведби што го слават моторот со внатрешно согорување. Се покажува дека традиционалистите се на секаде и не се подготвени, иако имаат свои едиции само на струја, да се откажат од вистинските возачки вредности што недостасуваат на многумина… Денешното издание […]
ВИДЕО – Ќе има ли недостаток на AdBlue?

Адитивот што ги намалува азотните оксиди при согорувањето на дизел горивото станува дефицитарен. Дали е шпекулација или вистинска криза ќе покаже времето?! Како стојат работите има од се по нешто.