ВИДЕО – AutoBest финалисти 2023

Крајот на годината е исполнет со избори, но за најдобри автомобили промовирани во тековната година. Нјаголемото независно жири ги објави финалистите за титулата Best Buy Car of Europe.

ВИДЕО – Mitsubishi XFC

Барајќи го сопствениот пат Mitsubishi помалку се изгуби во лавиринтот на групацијата Renault. Дали по примерот на ASX и прикажаната студија XFC ќе биде уште еден кросовер на Renault преоблечен во кимоно?  

ВИДЕО – Test Renault Austral 1.2 E-TECH Hybrid

Најавен како замена за Kadjar, новиот Austral можеби нема есенцијални измени во пропорциите, но направен е голем напредок во опременоста и возните својства. Дизели нема да има, а главен збор водат хибридите. Таква изведба тестиравме…

ВИДЕО – Alfa Romeo Giulia i Stelvio 2023

За да го приближи изгледот на своите модели со Tonale по долги години Alfa Romeo ги рестилизира Giulia и Stelvio. На прв поглед ништо значајно. Дадено е до знаење дека за електриката ќе треба да се почека и во игра се оставени турбашите од бензинската и дизел полица.

ВИДЕО – Polestar 3

Третиот модел на Polestar доби редовна номенклатура. Бројот 3 е кросовер со купеовска контура, долг е 4,9 метри има 490 коњи и батерија од 109 kWh. Првично ќе се произведува во Кина, а од 2024 и во Америка.

ВИДЕО – ЅЕАТ призведе еден милион кросовери

Само шест години требаа да се „милионизира“ тиражот на кросовери произведени под знакот на ЅЕАТ. Прикаската започна со Ateca и бргу се прошири во останатите сегменти со Arona и Tarraco

ВИДЕО – Тест MG EHS PHEV

На тест го имаме гостинот од Кина кој од неодамна е присутен кај нас. Под лупа го ставивме MG EHS сo приклучен хибрид кој пријатно изненади со балансот помеѓу цената и понуденото. Кинеската треска е незапирлива и полека се шири кај нас, пред се поради пристапноста на моделите кои, барем во финансиска рамка, се вклопуваат […]

Видео – Авто Магазин нова епизода

Не беше големо изненадување одлуката на членките на ЕУ да го забранат производството на возилата со мотори со внатрешно согорување. Каде сме ние ќе бараме одговор во некоја друга прилика, а во денешниот колаж имаме прилози од целата планета. На тест го имаме гостинот од Кина кој од неодамна е присутен кај нас. Под лупа […]

ВИДЕО – Mercedes EQE SUV Paris 2022

Штутгартската ѕвезда првично се согласи да биде дел од Мондиалот на автомобили, па се премисли… Сепак премиерата на спортско-корисното возило EQE се одржа во градот на светлината во павиљон одалечен три километри од саемот.

ВИДЕО – Hopium Machina

Водородот како погонско гориво не е имагинација туку реалност. Реалност е и мускулестиот Machina кој е прв производ на францускиот Hopium. Домаќините кажаа дека ќе може да се купи во 2025 г. по цена од 120.000 евра.