Британија ги укинува субвенциите за ЕВ – ВИДЕО

Субвенциите за електрификацијата на сообраќајот полека престануваат. Од 2025 Велика Британија ги стопира сите даночни олеснувања и субвенции што важат за електричните и хибридните возила. Овој пример ќе го следат и останатите држави.

Lamborghini Huracan Sterrato – ВИДЕО

Ламбо за макадам По примерот на Porsche 911 Dakar и Lamborghini направи своја верзија на Huracan за неасфалтирани делници. Впрочем, наставката Sterrato на италијански значи макадам. Сега бесниот бик ќе може да го прошири кругот на своето дивеење!

Praga Bohema – ВИДЕО

Прашка пролет Новиот супер автомобил што треба да настапи на сцена доаѓа од Чешка. Тој ќе чини многу пари а рачното производство гарантира ексклузивност на сите 89 примероци.

ВИДЕО – Test Peugeot 408 GT PHEV

Во склад со новите трендови Peugeot 408 ја започна кариерата во вистинско време. Строгите еколошки норми ги принудија производителите да вградуваат ниско литражни мотори и да се користи хибридната технологија. Возачкиот ентузијазам ставен е во втор план, но затоа комоцијата и ергономијата се на прво место…

ВИДЕО – Renault се дели на пет профитни единици

Првиот човек на Renault Лука Де Мео најави дека компанијата ќе се подели на две главни гранки, првата за производство на електрични возила и втората за производство на возила со мотори на внатрешно согорување и хибриди. Сега пристигна нова вест во која планот за реорганизација се проширува. Тој е ажуриран и наместо две, органиграмот ќе […]

ВИДЕО – Morgan Plus 4 & Plus 6

Morgan е уште едно големо англиско име поседувано од далекуисточни сопственици. За разлика од MG кој ги изгуби корените и тргна во електрификација, Morgan остана доследен на своите корени.

ВИДЕО – TEST Citroen C5 Aircross HDi Shine

Автоматизиран и комотен за возење, C5 Aircross во потполност ја оправдува својата улога. Скроен за семејни потреби, од него не барајте да биде спринтер. Атрибут му е малата потрошувачка и солидната опременост. Овој крос овер би можел да биде поатрактивен доколку имаше помодерен ентериер…  

ПРЕМИЕРА – Авто Магазин Ѕ27Е11

Во автомобилската индустрија веќе сите се помирени со неочекувани расплети и раѓање на нови сојузи. Малкумина очекуваа дека кинеските марки ќе доживеат глобална експанзија, како онаа што ја прави Geely. По откупувањето на неколку европски брендови, косопственост во некои од најголемите компании, формирање нови брендови, сега портфолиото се шири со Renault. Денеска го имаме на […]

ВИДЕО – Porsche 911 Dakar

Славејќи го јубилејот од воведувањето на погонот на сите тркала и дебитантскиот настап во „релито на релијата“ Porsche повторно направи верзија наменета за авантура вон асфалтот. Наречена едноставно 911 Dakar, таа останува лута ѕверка и добро се снаоѓа на подлоги несвојствени за своите браќа.

ВИДЕО – Test Skoda Karoq 2.0 TDI Sport Line

Ретки се моделите припадници, на сега веќе, „старото школо“ кои се уште се држат до традиционалните вредности кои доаѓаат со моторите со внатрешно согорување. Таков несомнено е Skoda Karoq со турбо-дизел мотор со 150 коњи. Дотеран во атрактивното ниво на опременост Sport Line тој зрачи со харизма. Извонредните седишта, избалансираноста на материјалите со ергономијата ме […]