Autobest Gala 2024 – Видео

По 23-ти пат одржани се автѕомобилските оскари, овој пат во Луксембург. На гала вечерта доделени се вкупно девет признанија меѓу кои Best Buy Car of Europe му припадна на BYD Dolphin

Porsche Road Tour 2024 – Видео

Караванот од пет модели на Porsche ја раздрма Македонија. Нивните вкупно 2.550 коњи никого не оставија рамнодушен, особено не оние што имаа задоволство да ги возат.

Stellantis го европеизира Leapmotor

Додека ЕУ за кинеските возила царинските стапки ги задржува на 25%, Stellantis се одлучи за поинаков пристап и се уортачи со Leapmotor.

Renault Ratale E-Tech 4×4 – Видео

Renault Rafale е кросовер од средната класа. Сега доби, адекватно на името, одговарачка сила и погон. 300 коњи добиени благодарение на приклучен хибрид, погон на сите тркала и автономија до 1.000 километри со полн резервоар и батерија.

Aurus Senat – Видео

Лимузината која е во служба на руските достоинственици доживеа редизајн на надворешноста, но никој не ја споменува интериерот. Тој е засега покриен со велот на дискрецијата.

Alpine Alpenglow Hy4 – Видео

Водородот како алтернатива на еколошко гориво не е ништо ново, но ново е што се повеќе производители бараат решенија со него без оглед дали е тоа со мотори на согорување или горивни ќелии. Alpine се приклучува во спасот на моторите на согорување и најавува нов V6 мотор кој ќе го користи водородот.

Авто Магзин – Нова епизода

За само некоколку недели автомобилскиот свет го збогатија неколку новости кои на големо го најавуваат водородот како погон на иднината. Без оглед дали се работи на технологијата на согорување во цилиндрите или горивни ќелии водородот како солуција го гледаат се поголем број производители. Нив им се придружуваат спортски ориентираниот Alpine и американскиот RAM. За долгото […]

Renault Symbioz – Видео

Renault сега има четири компактни кросовери. На купеовски скроената Arkana, Austral од повисоката класа, целосно електричениот Scenic сега им се придружи Symbioz, конструиран на платформата Renault-Nissan CMF-B. Судејќи според популарноста на овој тип возила Renault се надева дека Symbioz ќе биде подеднакво популарен кај приватните и флотните купувачи. Еве зошто.

Ferrari 12 Cilindri – Видео

Јасно и гласно, Ferrari во инает на трендот на електрификација, останува верен на старото школо. Тоа значи дека има нов модел со бензински мотор поставен напред, погон на задните тркала кои ги „клоцаат“ 12 цилиндри без никаква помош од електриката. Секако дека Ferrari е електрифициран со неколку модели со приклучни хибриди, но по се изгледа […]

Opel Grandland 2024 – Видео

Оваа година Opel го зајакнува своето портфолио во сегментот на кросовери. Пред три седмици ја претстави новата Frontera, а сега и новата генерација на Grandland која е значително поголема од нејзиниот претходник. Новиот Opel Grandland носи со себе голем број луксузни карактеристики со кои се искачува во нови височини и ја потврдува електричната ориентација на […]