Јасно и гласно, Ferrari во инает на трендот на електрификација, останува верен на старото школо. Тоа значи дека има нов модел со бензински мотор поставен напред, погон на задните тркала кои ги „клоцаат“ 12 цилиндри без никаква помош од електриката. Секако дека Ferrari е електрифициран со неколку модели со приклучни хибриди, но по се изгледа дека легендата од Маранело уште долго ќе произведува модели само со мотори на согорување. Како прилог на ова Ferrari пријави патент за мотор на внатрешно согорување на водород. Навистина потег за почит.
Бидете информирани
Добивајте информации за сите новости од Авто Магазин
Menu