Mustang GTD – Видео

Дали би платиле 325.000 долари за еден Ford па макар тоа бил Mustang? Се покажа дека се најдоа 7.500 парајлии да ја избројат таа сума за верзијата GTD која има 800 коњи, а продажбата е запрена само затоа што во Дирборн сватија дека доколку примат повеќе порачки времето на испорака ќе биде предолго.
Opel-125 години иновации – Видео

Историјата е важен дел од сеќие битисување и важна одредница за иднината. Од 1899-та Opel произведува автомобили. 125 години подоцна компанијата го потврдува својот прекар кого го носи со децении. „Молњата од Руселсхајм“ и го продолжува својот пат, сега трасиран со електрични модели. На својата прослава на јубилејот, Opel јасно посочи дека се гордее со […]
БЕВ ги скараа претседателските кандидати

На претседатеските кандидати во САД савовите околу БЕВ се дијаметрално спротивни. Поради тоа се разгорува уште една жестока реторика помеѓу Бајден и Трамп…
Aвто Магазин – Нова епизода

Во последните три години политиката дебело е вмешана во автомобилската индустрија. До толку што во САД претседателските кандидати на големо се препукуваат по прашање на електрификацијата. Иако со потешкотии и одложувања на сцената ќе се појават одредени модели на БЕВ од кои производителите очекуваат добар пласман на пазарот. Со таа мантра е присутен и Opel. […]
Renault co Geely, VW сам ќе развива евтино БЕВ – Видео

Коалицирањето не е дел ексклузивно резервиран за политиката. Тоа се случува и во индустријата, поточно, секаде каде има интерес. По неуспешните преговори со VW, Renault ги здружува силите со Geely додека VW продолжува сам во развојот на евтионо БЕВ кое ќе има цена од 20.000 евра.
MINI Cooper & Mini Countryman во Македонија – Видео

Кога ќе се остварат ветувањата задоволството е ултимативно. Авто Магазин беше поканет да присуствува на предпремиерата на MINI Cooper & МINI Countryman во Минхен минатиот септември, и тогаш беше објавено дека тие на европското тло ќе се комерцијализираат на крајот на мај 20024. Речено, сторено! Во салонот на М-Кар беа претставени двете модерни интерпретации на […]
VW Golf GTI & GTI Clubsport – Видео

Минатиот викенд VW на Нурбургринг ја претстави новата моделска генерација на предокот на сите спортски компактни автомобили. Сега Golf GTI и GTI Clubsport имаат респектабилна сила и одлични спринтерски капацитети.
Jeep Avenger 4xe – Видео

Групацијата Stellantis од својата мала платформа извлекува максимум. Jeep Avenger конечно ја доби вистинската верзија за европските купувачи откако се опреми со хибриден погон на сите четири тркала. Овој модел кој всушност е американизирана верзија на Peugeot 2008 и Opel Mokka.
KIA EV3 – Видео

Линијата електрични возила на Kia е дополнета со четвртиот модел. Новиот електричен кросовер по големина е близок на Niro но за разлика од неговата мултиенергетска платформа ја користи наменската архитектура како и другите модели на Kia со префикс EV. Должината од 4,3 метри и фактот дека после пазарното дебитираше во Кореја многу бргу ќе се […]
BMW Skytop – Видео

На смотрата за елеганција и извонредност Villa d`Este кој само што заврши BMW ја прикажа студијата Skytop, можеби најубава на Баварците прикажана во последната декада.