Porsche Macan – Makedonska premiera

За љубителите на Porsche викендот не можеше да започне поубаво Во петокот, на 14-ти март, во Скопје ексклузивно беше претставен целосно новиот, целосно електричен Porsche Macan. Во атмосфера на елеганција, иновации и наелектризирани перформанси, гостите од прва рака доживеаја што значи да се вози иднината. Вечерта не беше ништо помалку од спектакуларна. По пристигнувањето, гостите […]
Renault 4 – Поскап од очекуваното

Renault ги израдува поклониците на легендарната четворка – објави дека започнува со примање на нарачки. Но истовремено и ги онерасположи бидејќи цените не се какви што очекуваа. Тие скоро во целост се изедначени на сите пазари каде електричниот Renault 4 ќе биде лансиран и стартуваат од 30 илјади евра за верзијата со 120 коњски сили […]
Hyundai фабрика за ЕВ во Турција

Турција очигледно станува сé поинтересна дестинација за производство на електрични возила. Така смета и Hyundai кој наскоро за тоа ќе започне да ја подготвува својата фабрика таму. Планираните инвестиции ќе бидат најголеми од нејзиното отворање во 1997-ма година и ќе опфатат целосна трансформација на производството. Во оваа фабрика која се наоѓа во градот Измит на […]
ЕУ ја олабави омчата на автомобиската индустрија

Со едноставно административно решение производителите на возила ќе се спасат од високите казни за надминување на просечните емисии на јагленород диоксид. Ова решение е привремено бидејќи наместо на годишно ниво постигнувањето на целите треба да се разгледува на секои три години. Така без да се менува законската регулатива на производителите ќе им биде дозволено годинава […]
Deepal S07 – Уште еден бренд жеден за европскиот пазар

Со кратко одложување заради царините, кинескиот Changan започнува со освојување на Европа. Стартот ќе биде со марката Deepal додека Avatr ќе следи подоцна. Деталите ќе бидат познати наскоро – според претходниот план први на списокот земји каде ќе се продаваат овие возила беа Норвешка, Данска, Германија и Холандија, додека за 2028 година беше зацртано да […]
Farasis Energy – Нова револуција на БЕВ?

Кинескиот производител на батерии, Farasis Energy, најави дека полнењето ќе трае само десетина минути! Farasis Energy се рангира на 14-тото место меѓу кинеските производители на батерии, но со технологијата што ја најавува тоа може лесно да биде сменето. Една од најголемите пречки во омасувувањето на БЕВ е начинот на полнење на батериите. За да се […]
Toyota bZ3X – 10.000 нарачки во првиот час од продажбата

Наменета исклучиво за Кина, електричната Toyota bZ3X чини околу 14.000 евра Кога се сака, се може. Toyota го лансираше својот најевтин модел во Кина и доби 10.000 нарачки во текот на првиот час по официјалното претставување на bZ3X на пазарот. Тоа е третото БЕВ на Toyota лансирано во Кина со избор на три батерии и […]
Lynk & Co 08 – Пробиена границата од 1.000 километри

Откако беше доведена во прашање неговата егзистенција, Lynk & Co агресивно започна да ја шири својата понуда и го подготви за лансирање третиот свој модел во Европа. Означен како 08, тој сигурно ќе им се допадне на купувачите бидејќи станува збор за маратонски плаг-ин кој на струја може да помине дури 200 километри. Пазарниот потенцијал […]
BMW – Оксфорд ќе почека на подобри времиња

Иако се пофали дека лани продал 56 илјади електрични модели на Mini што претставува 23 отсто од вкупната продажба на марката, BMW одлучи да го одложи почетокот на нивното производство во Европа. Причините за тоа сигурно се силни бидејќи во фабриката во Оксфорд досега се вложени 600 милиони фунти. Дополнително, компанијата се откажа и од […]
Alpine A 390 – Финални тестови

Пред да биде официјално претставен за два и пол месеци, Alpine A 390 се соочува со последните тестови. Новиот фастбек модел се подвргнува на завршни тестови при ладно време на температури до минус 40 степени во Арктичкиот круг во Шведска. Целта на возењата по снежните патишта и замрзнатите езера е да се провери нивото на […]