Renault 4 – Поскап од очекуваното

Renault ги израдува поклониците на легендарната четворка – објави дека започнува со примање на нарачки. Но истовремено и ги онерасположи бидејќи цените не се какви што очекуваа. Тие скоро во целост се изедначени на сите пазари каде електричниот Renault 4 ќе биде лансиран и стартуваат од 30 илјади евра за верзијата со 120 коњски сили и автономија од 308 километри.

За попрактичната изведба со 150 коњи и батерии доволни за 409 километри ќе треба да се доплатат 3.500 евра. Секако, овие цени ќе бидат намалени за износот на субвенциите таму каде ги има. Треба да се знае дека механиката целосно е иста како и кај модерниот Renault 5 кој е поевтин за околу две илјади евра, кој пак се очекува и во послаба 95-коњска варијанта за сума под 25 илјади евра. На жалост на љубителите на Renault 4, оваа погонска група не е предвидена за него.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER