Со кратко одложување заради царините, кинескиот Changan започнува со освојување на Европа.
Стартот ќе биде со марката Deepal додека Avatr ќе следи подоцна. Деталите ќе бидат познати наскоро – според претходниот план први на списокот земји каде ќе се продаваат овие возила беа Норвешка, Данска, Германија и Холандија, додека за 2028 година беше зацртано да се присуствува на сите европски пазари.
Засега се знае дека стартот ќе биде со кросоверот Deepal S07 кој за Кина се произведува во две верзии со 220 или 260 коњски сили и батерии со кои може да помине 520 односно 630 километри. Постои и изведба со продолжена автономија која ја обезбедува 1,5 литарски бензински мотор но таа тешко да пристигне во Европа.
Оваа марка го сврте вниманието на светот кон себе со невообичаениот краш тест со испуштање на автомобил од хеликоптер од висина од 32 метри но и со тоа што новата Mazda 6e е поставена на нивна платформа. Компанијата Changan која е во државна сопственост лани има продадено 2,2 милиони возила и има развоен центар во Бирмингем и дизајн студија во Торино и Минхен.
Располага и со фабрика во Тајланд со проектиран капацитет за 200 илјади возила од каде ако не сега тогаш во блиска иднина сигурно ќе доаѓаат и европските модели.


