Наменета исклучиво за Кина, електричната Toyota bZ3X чини околу 14.000 евра
Кога се сака, се може. Toyota го лансираше својот најевтин модел во Кина и доби 10.000 нарачки во текот на првиот час по официјалното претставување на bZ3X на пазарот.
Тоа е третото БЕВ на Toyota лансирано во Кина со избор на три батерии и два мотори. Најевтината изведба се продава за 109.800 јуани, односно 14.033 евра според девизниот курс. Конструиран и се произведува во фабриката во заедничка сопственост GAC Toyota во Кина. Долг е 4.600 милиметри, широк 1.850 милиметри, висок 1.600 милиметри. Каросеријата е поставена на 2,765 метри меѓуоскино растојание.
Значи станува збор за кросовер со средна големина. bZ3X се напојува од еден мотор, поставен на предната оска и погонот е на предните тркала. Основната верзија има мотор со 204, најсилната бележи 224 коњски сили. Моделот е базиран на GAC Aion V, со кој го дели моторот, но е опремен со различни батерии. Почетниот bZ3X е опремен со единицата од 50,0 kWh, која складира доволно енергија за возење до 430 километри.
Следува батеријата од 58,4 kWh, која овозможува дури 520 километри. Врвниот bZ3X има пакет батерии од 67,9 kWh, што е доволно за автономија до 610 километри. Моделот е опремен со напредни системи за помош на возачот (ADAS) и LiDAR, а Toyota тврди дека 65% од деловите интегрирани во структурата на моделот се од кинески добавувачи. 8,8 инчен дигитален инструмент кластер и 14,6 инчен екран се придвижувани од чипот Qualcomm Snapdragon 8155 во друштво на аудио системот Јамаха со 11 звучници.
Во моментов, bZ3X се продава само во Кина, заедно со другите електрични возила со ознака на Toyota, кросоверот bZ4X, развиен во партнерство со BYD, и седанот bZ3. Сите во Европа кои сакаат да купат БЕВ сонуваат да имаат вакво возило по толку ниска цена. Само така ќе може да се зголеми интересот за вакви возила.