Иако се пофали дека лани продал 56 илјади електрични модели на Mini што претставува 23 отсто од вкупната продажба на марката, BMW одлучи да го одложи почетокот на нивното производство во Европа.
Причините за тоа сигурно се силни бидејќи во фабриката во Оксфорд досега се вложени 600 милиони фунти. Дополнително, компанијата се откажа и од грантот на британската влада од 60 милиони фунти наменети токму за стартување на производството.
Германското раководство смета дека е поисплатливо да се плаќаат царина од 20,7 отсто за нив бидејќи тие сега доаѓаат од Кина. Планот за пренамена на англиската фабрика предвидуваше таму од идната година да се произведуваат електричните Mini Cooper и Aceman, додека Countryman останува во Лајпцих.


