Farasis Energy – Нова револуција на БЕВ?

Кинескиот производител на батерии, Farasis Energy, најави дека полнењето ќе трае само десетина минути!

Farasis Energy се рангира на 14-тото место меѓу кинеските производители на батерии, но со технологијата што ја најавува тоа може лесно да биде сменето.

Една од најголемите пречки во омасувувањето на БЕВ е начинот на полнење на батериите. За да се постигне пристојна автономија потребно е повеќе од разумно време да се помине на полначот. Со технологијата што ја најавува Farasis Energy таа прикаска може да биде радикално сменета. Компанијата ја претстави технологијата на батерии што поддржува ултрабрзо полнење бидејќи производителите на автомобили тоа го бараат. Според она што го најавија инженерите на компанијата, времето на полнењето на батериите ќе биде многу приближно на она што е потребно за полнење на резервоар со фосилно гориво.

Оние што подолго помнат, тоа го ветуваше и Илон Маск за своите возила, но ништо не се случи. Изгледа дека сега ситуацијата е поинаква. Farasis Energy го оптимизирала дизајнот на батериите преку симулациски ROM модел развиен во куќата. ROM поедноставува сложени модели со висока верност. Тие го доловуваат реалното однесување на одреден продукт, така што инженерите можат брзо да ги проучуваат доминантните ефекти на системот користејќи минимални пресметковни ресурси. Според направените симулации големите батерии лесно може да постигнат брзо полнење 6C. C се однесува на мултипликаторот за полнење на батеријата, а 6C значи дека батеријата теоретски може целосно да се наполни за една шестина од час, односно 10 минути! Решението вклучува батериски систем со литиум железо фосфат (LFP) кој поддржува ултрабрзо полнење и систем на тројна литиумска батерија што поддржува адекватно полнење.

Структурниот дизајн успешно го решава полнењето на батериите во атмосферски температурен интервал од 5 до 50 степени целзиусови. Моделот ROM може брзо да ги прегледа оптималните решенија за дизајн за хемикалии на тројни литиумски батерии (со течен електролит) и натриумски батерии (со цврст електролит) со длабока анализа на принципот на работа на батериите, соопшти компанијата. Само во јануари Farasis Energy инсталира батерии со капацитет од 0,19 GWh. Според кинеските капацитети компанијата е рангирана на 14-то место со 0,48 отсто пазарен удел, но таа работи со својот развој таа позиција да ја лансира многу повисоко.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER