Škoda Motorsport – Concept Enyaq RS Race

Инженерите на Škoda развија целосно   електричен тркачки автомобил близок по однесувањето на Škoda Fabia RS Rally2. Тркачката ДНК на Škoda и ригорозните барања на мотоспортот продолжуваат да ги поместуваат границите на техничките иновации. Развојот на првиот Enyaq RS Race започна во 2023 година, по што следеше неговата светска премиера во октомври 2024 година. Кај новиот Enyaq […]

Lynk & Co 08

Како што вети зимава кога најави, Geely го донесе плаг-ин хибридниот Lynk & Co 08 во Европа. Но иако со испораките ќе стартува веќе наредниот месец, деталните спецификации повторно останаа тајна. Официјално се знае само дека ќе има електрична автономија од дури 200 километри, заради што се очекува да биде вистински хит меѓу купувачите. Створен […]

Европската Унија преку лизинг ќе ја забрза електрификацијата

ЕУ ќе раздава 16 милијарди евра за електрификација на возниот парк на жителите Во последно време многу копја се кршат околу ЕВ. Додека производителите ретерираат од амбициозните планови поради објективните случувања на пазарот, ЕУ не отстапува од својата агенда. БЕВ не се популарни на пазарот, но затоа се забележува раст на возилата со хибриден погон. […]

Toyota Aygo X – Поагресивен и хибриден

Toyota Aygo X е првиот автомобил во најмалиот сегмент во Европа кој има самополнечки хибрид За својот најмал модел Toyota го регрутира самополнечкиот хибриден погонски склоп од Yaris за да испорача подобри перформанси и намалени емисии. Отфрлен е стариот еден литарски три цилиндерски бензински мотор и на негово место ставен е 1,5 литарски бензинец впарен […]

Ople Frontera Gravel

Дека малата Frontera има големи амбиции покажува изложбената изведба Gravel Opel Frontera беше теренец со големи пропорции, бензински и дизел мотори, и способност да помине тешки терени. Нејзината воскресната верзија значително е намалена во димензиите и модернизирана. Иако ги нема гените на претходникот, новата Frontera не е помалку амбициозна. Во Руселсхајм не заборавија што значеше […]

BMW – Произведе три милиони ЕВ

Флексибилните производствени линии овозможија класичните и ЕВ да се произведуваат на иста лента Сагата со потполно електричните возила BMW ја започна во 2013-та година кога од фабриката во Лајпциг излезе првиот i3, батериско електрично возило. Од тогаш, BMW Group интегрираше електрични автомобили во производство во сите свои фабрики ширум светот. Многу од фабриките првично склопуваа […]

Xiaomi YU7 – Луксузен а евтин

Откако лани го направи својот исчекор во автомобилскиот бизнис, технолошкиот гигант Xiaomi ја продолжува својата офанзива со нов модел. Атрактивно дизајниран, петметарскиот луксузен кросовер означен како YU7 ќе пристигне на пазарот во јули а при крајот на годинава и во Европа. Ќе се произведува во нова фабрика која се гради специјално за него а цените […]

Премиера – Alpine A390

A390 ги спои перформансите со секојдневната употребливост и единствен е во сегментот со три мотори Една година откако го претстави A290, Alpine повторно ги вознемири духовите со првиот кросовер во својата историја. За да остане верен на спортското педигре што го негува повеќе од седум децении, марката се потруди да направи нешто што ќе се […]

Avant2Go Car Sharing – За зелено Скопје

Новата услуга за краткорочно изнајмување автомобили започна со работа и располага со 100 електрични возила! Скопје застана рамо до рамо со светските метрополи благодарение на воведувањето на новата услуга Avant2Go Car Sharing. Провајдерот е рент-а-кар компанијата Авант Кар која уште од почетокот на работењето воведе флота електрични возила. Со новата услуга за краткорочно изнајмување или […]

Продажбата на електричните автомобили бележи скок од 30%

Вкупно 5,6 милиони електрични и PHEV возила се продадени глобално во првите четири месеци од 2025 година. По благиот пад лани, годинава ЕВ го качуваат напонот на пазарот. Кина продолжува да го предводи патот со 3,3 милиони BEV и PHEV возила продадени досега оваа година. Продажбата од 600.000 единици во Северна Америка ветува, но расте […]