Новата услуга за краткорочно изнајмување автомобили започна со работа и располага со 100 електрични возила!
Скопје застана рамо до рамо со светските метрополи благодарение на воведувањето на новата услуга Avant2Go Car Sharing.
Провајдерот е рент-а-кар компанијата Авант Кар која уште од почетокот на работењето воведе флота електрични возила. Со новата услуга за краткорочно изнајмување или споделување на автомобил го крева влогот на повисоко ниво.
Претставена е флотата кој е составена од 100 електрични возила од типот Smart for Two, Smart for Four и Reanult Zoe кои совршено се вклопуваат во гратскиот сообраќај. Користењето на овие возила е замислено да биде достапно за секого а тоа го докажува и популарната цена на наем.
Таа се движи околу 22 денари по километар. За да се олесни употребата на услугата, низ Скопје веќе се активни 20 пункта од кои се превземаат и враќаат возилата. Системот Avant2Go Car Sharing е достапен преку мобилна апликација која уште од денеска може да се најде во продавниците за апликации на Apple и Google, и овозможува брзо и едноставно резервирање на возилата.
Корисниците можат да резервираат и користат автомобили за различни временски периоди, плаќајќи само за времето на користење. Во планот за развој на Avant2Go Car Sharing е оваа услуга да се прошири и во други градови низ Македонија а флотата за изнајмување, во период од две до три години, да достигне 1000 електрични возила. За подетални информации посетете www.avant2go.mk

