Инженерите на Škoda развија целосно електричен тркачки автомобил близок по однесувањето на Škoda Fabia RS Rally2.
Тркачката ДНК на Škoda и ригорозните барања на мотоспортот продолжуваат да ги поместуваат границите на техничките иновации. Развојот на првиот Enyaq RS Race започна во 2023 година, по што следеше неговата светска премиера во октомври 2024 година.
Кај новиот Enyaq RS Race искористена е експертизата стекната при развојот на првиот концепт и го подигнаа на следното ниво. Најновата верзија го користи истиот електричен погон, но е 70 мм понизок, 72 мм поширок напред и 116 мм поширок назад.
Поважно од тоа, тој е 316 килограми полесен од производствениот модел, а дополнително, има бројни визуелни и технички модификации, вклучувајќи оптимизирана каросерија, редизајнирани браници, како и модифицирани амортизери и пружини.
Системот за сопирање на серискиот модел е заменет со високо-перформансни карбонско-керамички дискови, десетклипни клешти напред, четириклипни клешти назад и нов систем за ладење на сопирачките.
Покрај тоа, концепт автомобилот е опремен со хидраулична рачна сопирачка и систем на педали од Škoda Fabia RS Rally2.
Наместо стандардната DCC, инсталирана е специјална спортска суспензија, која овозможува индивидуални прилагодувања на цврстината на пружините. За да се подобри управувањето и забрзувањето, новиот Enyaq RS Race е опремен со диференцијали со ограничено пролизгување и на предната и на задната оска.
Двата електрични мотори, кои испорачуваат комбинирана моќност од 250 kW, и батеријата од 82 kWh се идентични со оние во серискиот модел. Како кај Škoda Enyaq Coupé RS, максималната брзина е 180 км/ч, но полесниот Enyaq RS Race сега забрзува од 0 до 100 км/ч за помалку од пет секунди.
Škoda избегнува да се изјасни дали Enyaq RS Race ќе стане дел од тркачката програма на марката, но повеќе од сигурно е дека дава идеи кои ќе бидат применливи во сериските модели.





