Флексибилните производствени линии овозможија класичните и ЕВ да се произведуваат на иста лента
Сагата со потполно електричните возила BMW ја започна во 2013-та година кога од фабриката во Лајпциг излезе првиот i3, батериско електрично возило.
Од тогаш, BMW Group интегрираше електрични автомобили во производство во сите свои фабрики ширум светот. Многу од фабриките првично склопуваа PHEV хибридни модели на една линија, измешани со нивните дизел и бензински еквиваленти, на флексибилна основа.
Електромобилноста постојано расте во обемот на производството на BMW, надминувајќи 25 проценти минатата година, при што околу три четвртини од тие возила се целосно електрични.
Вкупно еден и пол милион БЕВ возила од брендовите BMW, MINI и Rolls-Royce веќе се испорачани. Сега се слави нов јубилеј.
Од фабриката во Минхен излезе три милионитото ЕВ, тоа е BMW 330e Touring, караван со приклучен хибрид. Денеска групацијата BMW произведува БЕВ во Германија, Англија и Кина.
Во Дебрецен, Унгарија, веќе се во тек финалните подготовки за почеток на производството на новата генерација возила Neue Klasse.
Американската фабрика во Спартанбург ќе биде оспособена да произведува БЕВ идната година додека во Мексико од 2027 година ќе се призведуваат модели од Neue Klasse. Во Јужна Африка се произведуваат приклучни хибриди од лани, а од фабриките во Бразил, Индија и Тајланд веќе излегуваат електрифицирани возила.


