Дека малата Frontera има големи амбиции покажува изложбената изведба Gravel
Opel Frontera беше теренец со големи пропорции, бензински и дизел мотори, и способност да помине тешки терени. Нејзината воскресната верзија значително е намалена во димензиите и модернизирана. Иако ги нема гените на претходникот, новата Frontera не е помалку амбициозна.
Во Руселсхајм не заборавија што значеше и каква намена имаше моделот пред дваесеттина години. Затоа и на модерната Frontera ѝ дадоа теренски изглед. И тоа сосема успешно.
Специјално направена за манифестацијата XS Carnight која се одржува на баварското езеро Вортер блиску до Австрија, Opel Frontera Gravel е смел „шоу“ автомобил кој покажува како би можела да изгледа една верзија на семејниот кросовер. Поострa, поцврстa, создадена за авантури надвор од асфалтот, ова е чувството што го пренесува. Opel Frontera Gravel е базирана на Frontera Electric.
Кај надворешноста, спојот на бои и фолија возбудуваат. Робусниот изглед е дополнително нагласен со макара и кука монтирани напред, странични кутии за складирање на задниот дел и робустни покривни носачи во решеткаст стил дизајнирани да го максимизира капацитетот за носење дополнителна опрема за сите авантури.
Дополнителни надворешни светла се монтирани на покривниот носач и на капакот на моторот. Бидејќи е далеку да се отиде викендов до Вортерзе за да се види во живо Opel Frontera Gravel, уживајте во фотографиите.


