ECOBEST Challenge 2025

ECOBEST Challenge 2025

Тестовите во реалното користење на ECOBEST Challenge 2025 откриваат интересни еволуции во електричната мобилност

Nissan – Генерацијата E-Power 2 ветува многу

Новата генерација на Nissan e-Power ги демантира елктричните возила. Еве зошто… Пред неполна година бевме на тестирањето на Nissan Qashqai со e-Power систем. Ова е алтернативен погон што ги избегнува многуте предизвици на елктричните возила. Пред сé, тоа решение е еколошко и ги заобиколува предизвиците на полење на батериите, што знае да биде многу фрустрирачки. […]

Mercedes-AMG GT XX

Изгледа моќно, најавува 1.360 електрични коњи, но ниту на крај на паметот нема да погодите за што е направена оваа зашеметувачка студија! Mercedes-AMG се катапултира во електромобилноста. За следната година најавен е првиот електричен автомобил од расната дивизија на Mercedes која е позната по мускулестите изведби на штутгардската ѕвезда. Наскоро моќните бензинци со шест и […]

XPeng G7 – Тивка вода брег рони

Бавно но мудро Xpeng ја шири својата гама електрични возила, овој пат со средно-големиот кросовер со ознака G7. Партнерот на Volkswagen во Кина се одлучи за малку поинаков пристап доделувајќи му поголеми пропорции и поистакнат став во однос на механичкиот донатор моделот G6 кој веќе е во продажба во Европа. Дизајнот барем во стилските детали […]

Amazon Zoox – Роботакси со големи амбиции

После единаесет години подготовки и милијарди долари инвестиции, Amazon започна со редовно производство на своето роботакси. Zoox во основа е само една коцкаста кабина без возач и било какви команди и ќе се движи со помош на вештачката интелигенција која управува со осумте ласерски лидари, десетте радари, осумнаесетте камери, осумте микрофони и четирите термални камери. […]

Видео – Nissan Leaf 2025

Дебитираше третата генерација на Nissan Leaf, првото комерцијално лансирано БЕВ во светот. Јапонците останаа доследни на својата прикаска поучени од искуствата што ги добија во претходните две генерации. На македонскиот пазар се уште актуелната, втора генерација, на Nissan Leaf не помина незабележено, но далеку од тоа дека е бројка за фалење. Впрочем тоа е реалноста […]

Микровозилата решение за урбаниот превоз?

Сé поголем број производители размислуваат за микровозила. Најдобар пример за тоа е групацијата Stellantis, која има три такви модели во понудата, но тој тренд зема сериозен замав каде се приклучуваат и стартапи, но и традиционални производители.  Урбаните метежи кои го носи динамиката на современиот живот ги предизвикаа младите креативци од францускиот стартап ÆMotion да размислуваат […]

DS N°8 – Можна е хибридна верзија

Во пресрет на пазарното лансирање на DS N°8 се појавија вести дека новата француска перјаница би можела да добие верзии со хибриден погон. Технички тоа е сосема можно бидејќи ја користи продолжената платформа на Peugeot 3008 така што би биле потребни минимални инвестиции и ресурси за развој. Вистинското прашање е дали ќе има доволен интерес […]

Видео – Peugeot 208 GTI

Не постои вистински поклоник на малите спортски автомобили што не знае за Peugeot 205 GTI. За време кога беше присутен на пазарот тој стана вистинска икона на комерцијалната и спортската сцена. Сега „лавот од елисејските полиња“ направи модерна реинкарнација отелотворена во електричниот 208 кој го понесе беџот GTI.

Renault Symbioz & Espace – Два нови хибридни погони од новата генерација

Хибридните E-Tech погонски склопови бележат континуиран развој Renault моментално е на второто место на европскиот пазар по продажба на хибридни возила и е на пат да ја надмине симболичната граница од еден милион продадени целосно хибридни E-Tech возила. Тоа се должи на ефективните погони кои перманентно се усовршуваат. Хибридните E-Tech погонски склопови комбинираат мотор со […]