Во пресрет на пазарното лансирање на DS N°8 се појавија вести дека новата француска перјаница би можела да добие верзии со хибриден погон.
Технички тоа е сосема можно бидејќи ја користи продолжената платформа на Peugeot 3008 така што би биле потребни минимални инвестиции и ресурси за развој. Вистинското прашање е дали ќе има доволен интерес на пазарот за да биде понуден бидејќи изворно замислен само како електричен модел овој автомобил има за задача да го врати сјајот што децении порано го имаше Citroen.
Дизајнерски провокативен и технички напреден, DS N°8 ќе ги убедува купувачите со автономијата која се движи меѓу 550 и 750 километри. Погонскиот систем располага со 230 или 245 коњи додека верзијата со два електромотора на сите четири тркала распоредува 350 коњски сили.
Дизајнот на каросеријата долга 4,8 и широка 1,9 метри обезбедува складна визуелна рамнотежа ненарушена од острите футуристички линии. Со нивото на опременост внатрешноста кокетира со луксузот кој се среќава кај германските премиум конкуренти. Таква е и цената која стартува од 59.200 евра.


