Хибридните E-Tech погонски склопови бележат континуиран развој
Renault моментално е на второто место на европскиот пазар по продажба на хибридни возила и е на пат да ја надмине симболичната граница од еден милион продадени целосно хибридни E-Tech возила.
Тоа се должи на ефективните погони кои перманентно се усовршуваат. Хибридните E-Tech погонски склопови комбинираат мотор со внатрешно согорување со два електрични мотори, батерија со соодветна големина и интелигентен мулти-режимски менувач без спојка. Без разлика дали станува збор за компактно семејно возило како Symbioz или премиум возило со 5 или 7 седишта од Д сегментот, како што е Espace овие погони добиваат подобрени решенија.
Новиот E-Tech погонски склоп од 1,8 литри со 160 КС е достапен во Symbioz се одликува со рекордни 98 г/км CO2 и 4,3 л/100 км според WLTP. Четири цилиндерскиот мотор со внатрешно согорување е надграден од 1.6 на 1.8 литри за дополнителна моќност. Сега развива 80 kW, во споредба со 69 kW од претходно, додека вртежниот момент е зголемен за 25%.
Целосно хибридниот E-Tech 160 КС вклучува два електрични мотори, еден од 36 kW со вртежен момент од 205 Nm, способен да ги погонува тркалата и да ја полни батеријата за време на сопирање и забавување, и високонапонски стартер генератор од 15 kW за менување на брзините. Така опсегот во електричен режим е зголемен за околу 20%.
За Espace е наменета оптимизираната верзија на целосно хибридниот погонски склоп E-Tech од 200 КС што го прави најефикасниот семеен хибрид на пазарот кој сега има дострел до 1.100 км. Хибридниот погонски склоп E-Tech од 200 КС се состои од три цилиндричен 1,2 литарски турбо бензински мотор кој развива 130 КС, 205 Nm вртежен момент и два електрични мотори.
Главниот електричен мотор има капацитет од 50 kW и 205 Nm и се напојува со литиум-јонска батерија од 2 kWh/400V. Овој мотор обезбедува движење на струја. Секундарниот електричен мотор развива 25 КС и 50 Nm вртежен момент и негова улога е да го стартува моторот со внатрешно согорување и управува со менување на брзините. Хибридниот склоп од 200 КС е оптимизиран за да обезбеди уште поконзистентни перформанси и ќе се аплицира, покрај Espace, и во Austral и Rafale.
Возилото стартува во целосно електричен режим и може да се вози во овој режим до 80% од времето на движењето во и околу градовите без полнење. Ова овозможува заштеда на гориво до 40% во споредба со конвенционалниот мотор со внатрешно согорување.


