Не постои вистински поклоник на малите спортски автомобили што не знае за Peugeot 205 GTI. За време кога беше присутен на пазарот тој стана вистинска икона на комерцијалната и спортската сцена. Сега „лавот од елисејските полиња“ направи модерна реинкарнација отелотворена во електричниот 208 кој го понесе беџот GTI.


