XPeng G7 – Тивка вода брег рони

Бавно но мудро Xpeng ја шири својата гама електрични возила, овој пат со средно-големиот кросовер со ознака G7.

Партнерот на Volkswagen во Кина се одлучи за малку поинаков пристап доделувајќи му поголеми пропорции и поистакнат став во однос на механичкиот донатор моделот G6 кој веќе е во продажба во Европа.

Дизајнот барем во стилските детали е сличен но внатрешноста сосема поинаква – во кабината нема инструмент-табла а информациите за возачот се проектираат преку целата површина на ветробранското стакло.

За тоа напомош беше повикан Huawei чии технологии се базирани на напредна вештачка интелигенција. Таа помага и во работата на автономните системи кои за разлика од другите немаат лидар и се ослонуваат на единаесет камери и три радари.

За задвижување е задолжен електромотор од 296 коњски сили, а во иднина треба да се очекува и верзија со погон на сите четири тркала. Електричната архитектура работи на 800 волти а декларираната автономија изнесува добри 700 километри.

Цената во Кина му е поставена на околу 30 илјади евра, која додека овој кросовер стигне на Стариот Континент веројатно двојно ќе се зголеми.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER