Amazon Zoox – Роботакси со големи амбиции

После единаесет години подготовки и милијарди долари инвестиции, Amazon започна со редовно производство на своето роботакси.

Zoox во основа е само една коцкаста кабина без возач и било какви команди и ќе се движи со помош на вештачката интелигенција која управува со осумте ласерски лидари, десетте радари, осумнаесетте камери, осумте микрофони и четирите термални камери.

Покрај пространоста и практичноста, и маневарските способности му се на завидно ниво – проектирано е еднакво добро да се вози и напред и назад а тркалата му се свртуваат под голем агол.

Иако погонскиот систем  воопшто не е битен, тој е направен да развие максимални сто и дваесет километри на час и да работи по шеснаесет часа дневно со едно полнење на батериите.

Планирано е да може да се користи пет години или сто и шеесет илјади километри што не е никаков недостаток бидејќи нема да се најде во продажба – со него оваа филијала на Amazon ќе нуди услуги за превоз на патници најпрво во Лас Вегас а потоа и во Сан Франциско, Остин и Мајами.

Се проценува дека за еден град со средна големина според американските сфаќања ќе бидат потребни меѓу петстотини и илјада вакви возила чие производство е организирано во нови погони со површина од дваесет илјади квадратни метри. Имаат капацитет за пет илјади возила годишно со план за негово двојно зголемување, што јасно укажува кои се целите на компанијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER