Callum Skye – Најубавото теренско возило во светот (видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Барем така тврди неговиот дизајнер

Дизајнерската куќа Callum од Ворвикшир наречена според нејзиниот основач , прочуениот Јан Калум претстави нов електричен SUV со високи перформанси

Наречен Skye, за него се тврди дека е подложен на ригорозни тестирања во Велика Британија и Европа по што наредната пролет ќе бидат објавени дополнителни детали за него. Тој е првиот модел кој во целост е дизајниран и проектиран самостојно во компанијата основана 2019 година, која досега има претставено сопствена реимагинација на Aston Martin Vanquish и нејзината shooting brake варијанта.

Но за разлика од нив Skye е сосема поинаков и неговите креатори за него тврдат дека ќе пополни празнина на пазарот. Дизајнерски изгледа како некоја мешавина на баги и возило за месечината, најмногу како последица на истакнатите апетити за  груб терен. Под на моменти елегантните линии се кријат 2+2 внатрешност и удобна, префинета скоцкана во должината од 4,05 и широчината од 1,9 метри.

Батериите од 42 kWh можеби не звучат убедливо, но со тежината од 1.150 kg идеално 50:50 дистрибуирана меѓу оските му дозволуваат автономија предвидена на 270 km. За погонот  немаа информации, но не би  биле изненадени дека има по еден електромотор на секое тркало, на што асоцира и способноста да забрза до 100 km/h за помалку од четири секунди. Од Callum уште тврдат и  дека батериите ќе можат да се наполнат за помалку од десет минути.

Можеби ќе дознаеме што од сето ова ќе испадне вистина бидејќи се најавува неговото сериско производство,во ограничени количини. Кога и по која цена, не е познато.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER