Bugatti Chiron Pur Sport » За оние кои сакаат повеќе (видео)

Top News Видео Новитети

За оние кои сакаат повеќе

Bugatti го одржа ветувањето и претстави уште една специјална изведба на Chiron

Објавено на 7 март 2020 година

Секој Bugatti е наменет само за ултимативните во барањата, но Chiron Pur Sport е малку повеќе. Изведен со идеја да им се допадне на оние кои сакаат да возат и уживаат во тоа, овој болид има полесни тркала и сопирачки од титаниум кои му ја намалуваат тежината за 19 килограми. За да се добие на динамиката ослонувањето му е потврдо, а модификувана е и електрониката. Моторот е истиот, но тој сега се врти малку повеќе. Преносните односи во менувачот се скратени, а аеродинамиката унапредена со заден спојлер од карбон широк 1,9 метри. Сето тоа резултираше со подобра еластичност и секако поголема цена. Таа е поставена на 3,2 милиони евра без давачки, а предвидено е производство само на 16 примероци.

Видео

клучни зборови: ,