Bugatti – Centodieci

насловна Поглед во иднината Фото

Лимитиран и ѓаволски скап!

Сегментот на хипер автомобили го владее Bugatti

објавено 11. февруари 2021

Последнатаа новост од Bugatti ги разгоре страстите. Вљубениците во хипер автомобилите се радуваат на новиот лимитиран модел кој, како прототип, веќе влезе во аналите на автомобилизмот. Не само што е реинкарнација на супер спортскиот ЕВ110 од последната декада на минатиот век, туку и фактот дека на покажан прототип, за само неколку часа, продадена е лимитираната серија на десет примероци. И тоа не е сѐ!

Секој што успеа да го порача Bugatti Centodieci исплати на сметката на компанијата осум милиони евра и се согласи за да го добие својот примерок треба да се стрпи до средината на идната година. Па, која е магијата со која се постигнува ваков успех? Тука би можеле да полемизираме бесконечно но само ќе зборуваме со факти. Скулптурално обликуваната каросерија осем аритмија со самата појава, предизвикува потисен момент при големи брзини. Дури и аголот на вцицувачите за воздух автоматски се адаптираат поради оптимален проток на воздухот и термалниот менаџмент на моторот.

Таквиот пристап е од пресудно значење за функционирањето на осум литрениот W16 мотор набилдан со четири турбо полначи и 1.600 КС. За финалните перформаниси уште е рано да се зборува бидејќи се работи за прототип кому допрва му следат динамички тестови. Едно е сигурно, а тоа е дека Centodieci ќе ги покачи самонаметнатите високи стандарди на компанијата. Од друга страна пак, друштвото од Chateau Saint Jean инкасира вкупно 80 милиони евра авансна уплата за примероци кои најави дека ќе ги произведе, а испораката ќе започне за 18 месеци. Е тоа е бизнис што не признава никаков вирус!