Bugatti и нивниот поглед на денешнината (со видео)

Видео Занимливости Новитети

Bugatti и нивниот поглед на денешнината

Bugatti е марка која има само еден модел, но тој има толку верзии што е тешко да се следат

Објавено на 2 април 2020 година

Кога пред некој месец и нешто мистериозно од Bugatti најавија нешто ново, јавноста веднаш започна со лицитирање што би можело да биде. Очекувано најмногу беа за тоа дека се работи за уште една скапа специјална изведба на Chiron, но меѓу нив малубројни беа оние кои ја погодија суштината. А таа е дека иако секој Bugatti е наменет само за ултимативните во барањата, Chiron Pur Sport е малку повеќе. Изведен со идеја да им се допадне на оние кои сакаат да возат и уживаат во тоа, овој болид има преработена механика со полесни тркала и сопирачки од титаниум кои му ја намалуваат тежината за 19 килограми. За да се добие на динамиката и ослонувањето му е потврдо, а модификувана е и електрониката. Моторот е истиот, но тој сега се врти малку повеќе. Менувачот е рекалибриран и со скратени преносни односи, а изгледот изменет за унапредување на аеродинамиката која се подобрува и со задниот спојлер од карбон широк 1,9 метри. Сето тоа резултираше со подобра еластичност и секако поголема цена. Таа е поставена на 3,2 милиони евра без давачки, а предвидено е производство само на 16 примероци. Првиот ќе биде испорачан пред крајот на годинава.

Видео

клучни зборови: ,