BMW M5 » Една буква и една бројка и сé е кажано (со видео)

Top News Видео Новитети

Една буква и една бројка и сé е кажано

Но не било која буква и бројка!

Објавено на 18 јуни 2020 година

Веќе со самото споменување на BMW М5 сé е кажано, но не и за заколнатите љубители на баварската марка. Тие сакаат да слушнат повеќе бројки, кои кај секоја генерација на семејниот спортист од Минхен навистина импресионираат. Така е и кај оваа, која пристигна неколку недели по претставувањето на обновената серија 5. Ќе започнеме од најважните, кои на нивно разочарување останаа исти – 4,4 литарскиот V8 и понатаму развива 600 коњски сили и 750 њутн-метри. На М5 повеќе и не му требаат бидејќи со нив се лансира до 100 километри на час за 3,4 секунди. Но ако некој сепак посака уште, ќе може да ја добие Competition изведбата со 625 коњи, која е за една десетинка од секундата побрза. Максималната брзина и кај двата модела ограничена на 250 километри на час може да се отклучи со опционалниот M Driver пакет кој ќе ја искачи стрелката на дигиталниот брзинометар до 305. Погонот на сите тркала дозволува да се избере и режим во кој силата преку осумстепен автоматски менувач се испраќа само на задната оска. За подобро чувствување на перформансите ослонувањето е рекалибрирано и освежено со нови амортизери и динамички систем за нивна контрола.

За истакнување на дизајнот BMW M5 доби рестилизирани маска и светла, поагресивни браници и задни светла со тридимензионален приказ. Тркалата се преземени од M8, а внатрешноста дополнета со поголем екран на инфо-забавниот систем. На централната конзола се додадени две нови копчиња со кои се контролира подесувањето на возилото и избира режимот на возење. За крај остана втората најбитна бројка, која се искачи на 121 односно 130 илјади евра за регуларната и Competition изведбата на M5.

Видео

клучни зборови: ,