Автомобил на годината во Германија за 2022 година

Македонија насловна Новитети

Новиот Peugeot 308 е прогласен за победник

објавено на 4 ноември 2021

За жирито, стратегијата „Моќта на изборот“ на Peugeot беше во особен фокус: клиентите можат да избираат помеѓу бензин, дизел и два plug-in хибридни мотори. Дополнителни причини за доделување на наградата на компактното возило се модерната технологија, дигиталниот и индивидуално програмираниот Peugeot i-Cockpit како и новиот дизајн со новото лого на Peugeot. Компактното возило од брендот Peugeot е прогласено за победник, како и неговиот претходник кој има добиено многу награди, вклучително и наградата „Автомобил на годината за 2014 година“. Оваа награда е најпосакувана награда во автомобилската индустрија.

„Ова е прва награда за новата генерација на Peugeot 308. Многу сме горди што 308 успеа да се наметне во компактната класа во Германија. Голема благодарност до жирито  за автомобил на годината во Германија и целиот тим на Peugeot. Успехот, исто така, ни покажува дека сме на вистинскиот пат со стратегијата „моќта на изборот“ и нашиот постојан пат кон електромобилноста. Со новиот Peugeot 308, веќе електрифициравме 80 % од нашата понуда на автомобили. Изјави Хаицо ван дер Луит, извршен директор во Peugeot Германија. Како прво сериско возило со новото лого, Peugeot 308 е израз на новиот идентитет на брендот Peugeot. Full LED предните светла го прикажуваат типичниот светлосен потпис на брендот (вертикални напред и со форма на три лавовски канџи назад). Најсовремените системи за помош при возење, како што се камерата за возење наназад, системот за предупредување од можен судар, помошта за следење на слепи точки со досег од 75 m, помошта за сопирање при итни ситуации и активниот систем за предупредување за напуштање лента со интервенција на управувачот обезбедуваат дополнителна безбедност при возење. Peugeot i-Cockpit (компактен управувач, head-up дисплеј, централен екран на допир) е дополнително развиен и модернизиран кај новиот Peugeot 308. Со i-Connect Advanced и дигиталните i-Toggles, моделот има интуитивен и мрежно поврзан инфозабавен систем.

Верен на слоганот „моќта на изборот“, новиот Peugeot 308 се нуди во две plug-in хибридни верзии (електричен и бензински мотор 180 KS и 225 KS) како и со мотор со внатрешно согорување со различни бензински или дизел мотори. Целосно електрична верзија ќе следи во 2023 година.