Растегнување за луксузирање
Без да се нарушат возните својства на Ghost направена е продолжена верзија за извонреден комфор на патниците
објавено 25 септември 2020
Моделот Ghost во формулацијата на Rolls-Royce е четирисед ориентиран на помладите купувачи со изразени возни својства. Оваа глобална, високо динамична група на претприемачи изрази желба за бизнис алатка управувана од возач со пријатно удобен и динамичен интериер. Ghost Extended е одговорот кој, покрај продолжувањето од 170 милиметри, ќе остане четирисед со многу повеќе простор за нозе во задниот дел. Клучниот заклучок беше дека клиентите на Ghost Extended не сакаа да направат компромис за чистиот, минималистички дизајн на Ghost. Дизајнерите работеа на дополнителната должина само со продолжување на задната врата и каросеријата околу отворите на задните врати, зачувувајќи ги линиите на автомобилот. Секогаш внатрешноста на луксузните лимузини пленела, но кај ”продолжениот дух” малку се забегало.
Индивидуалните седишта се инспирирани од луксузните авиони а фрижидерот за шампањ сместен помеѓу нив има два режими на работа. Тој е развиен со големо внимание за потребите на клиентите на Rolls-Royce. За да се постигне ова, инженерите се консултирале со еден мајстор сомелиер кој им рекол дека оптималните температури за послужување на шампањ направен од доцна набрано грозје е околу шест степени целзиусови, а оние што се набрани порано околу 11 степени целзиусови. За таа цел, фрижидерот работи со два режима на ладење, ладење до шест степени и 11 степени. И да не остане забегувањето само на тоа конструкторите се потрудиле Ghost Extended да биде технолошки најнапредниот автомобил на куќата. Така опремен е со WiFi и врвен инфозабавен систем. Клима уредот е задолжен во кабината да циркулира само пречистен детоксифициран воздух благодарение на поминувањето на воздухот низ нано мрежа која ги задржува и најмалите честички на нечистотија и ја прочистува кабината за помалку од две минути.
Ghost Extended е изграден врз основа на архитектурата на раскошот, целосно алуминиумската рамка која е основа за искуството на летање на волшебен тепих, како Rolls-Royce ја нарекува суспензијата во своите најголеми лимузини. Тоа се одликува со непрекинато променливи, електронски контролирани амортизери, самоизрамнувачки склопови на воздушни потпори со висок волумен и амортизер за горниот дел од спиралата. Згора на тоа Ghost Extended има придобивки и од погонот на сите тркала и управувањето на сите тркала. Движењето го обезбедува 6.75 литрениот V12 со две турбини кој испорачува 571 КС и мамутски 850Nm. Неговиот звук е пригушен со 100 килограми акустична изолација така што напредната амортизација и тивкоста во потполно го споредуваат возењето во Ghost како искуството како летање на летечки тепих.
Видео