AUTOBEST го одржа ‘ECOBEST Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Прв тест на реалната автономија на електричните автомобили

објавено на 7 ноември 2021

AUTOBEST го избра Тераса во близина на Барселона како локација за својот прв тест на реалната автономија во сообраќајот на електричните автомобили кој се одржа од 4 до 6 ноември. ‘EcoBest Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’ ќе им даде на европските купувачи релевантни податоци за реалната автономија на 15 големосериски електрични автомобили кои во моментов се во продажба.

Членовите на AUTOBEST жирито кое претставува најголемото европско автомобилско жири во географска смисла (32 новинари од 32 различни земји) ги возеа автомобилите на автопат, магистрални патишта и во градска средина во регионот на Ваљес Оксидентал во близина на шпанскиот град Барселона.

Вкупно 15 автомобили од 13 различни марки беа возени во одредени услови додека батериите целосно не им се испразнија да се утврди реалната автономија на секој од нив во услови на секојдневна употреба. Сите автомобили се возеа со клима уред и радио и во нормален режим на магистрални патишта и автопатишта и во еко режим на работа во град. За да се избегне било каква разлика заради стилот на возење, возачите се менуваа во автомобилите на секои 25 километри. Употребата на ГПС систем за следење помогна да се утврди вкупната автономија.

„Автономијата на возилата е една од пречките за голем број луѓе кои размислуваат за купување електричен автомобил, но не им веруваат на фабрички декларираните бројки. ‘ECOBEST Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’ ќе даде релевантни информации за автономијата која купувачите може да ја очекуваат од автомобилите. Ги охрабривме сите наши тест возачи да се однесуваат нормално, како и во реалноста, користејќи ги сите расположливи технологии, од клима уредот и радиото до системот за навигација и технологиите за поврзување. Целиот метод се сведува на просек врз основа на ‘човечки случаен фактор’ дефиниран од страна на AUTOBEST и врз основата на разновидноста на членовите од цела Европа. Како и другите награди кои ги доделува AUTOBEST, примарна цел на овој тест е да се обезбедат релевантни информации за автономијата на големосериските електрични автомобили кои се продаваат во Европа“, вели Ден Варди, основач и претседател на AUTOBEST.

‘ECOBEST Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’ вклучува два идентични теста од 51 километар со 50% возење на автопат, 20% на магистрални патишта и 30% во градска средина. Првиот тест е изведен во сообраќај во работен ден на 4 ноември, а вториот за време на викенд на 6 ноември. Резултатите ќе бидат базирани на просекот од двете мерења.

„Сакавме да репродуцираме нормална употреба на електричните автомобили во просечен европски град која вклучува патувања на работа, до продавници, покривајќи радиус од 50 километри. Повеќето европски возачи не поминуваат повеќе од 30 или 40 километри дневно и се подготвени да се префрлат на електрична мобилност. За овие луѓе да се знае вистинската автономија која можат да ја очекуваат од електричните автомобили е од клучно значење во оваа промена. Поради оваа причина сакавме да ги утврдиме најрелевантните информации за автономијата на големосериските електрични автомобили“, вели Жоан Далмау, шпанскиот член на AUTOBEST жирито и главен и одговорен уредник на coches.net.

За да се наполнат сите автомобили пред тестот и да се измери процесот на полнење, AUTOBEST имаше техничка поддршка од Circutor, водечката шпанска компанија специјализирана за производство на домашни и јавни полначи за електричните возила. Во нејзиното седиште во Виладекаваљс (Барселона), Circutor има доволно полначи за потребите на тестот и технологија за следење на процесот на полнење на секој автомобил. Реалниот капацитет на батериите и податоците од процесот на полнење исто така ќе бидат вклучени во резултатите од тестот.

„Поддршката на првото издание на ECOBEST Challenge 2021 електрифициран од VINFAST е огромна можност за Circutor за учество во овие први реални податоци што ќе им помогнат на луѓето да донесат одлука да се префрлат на електрична мобилност. Но за нас како производител на полначи е добра можност да се анализира процесот на полнење на секој модел. Некои од нашите техничари учествуваа како возачи во тестот на 4 ноември за да добијат и впечатоци од возењето на сите тестирани автомобили“, рече Пере Сориа, раководител задолжен за бизнис стратегијата на Circutor.

Во партнерство за прв пат со ECOBEST Challenge беше виетнамскиот автомобилски производител VINFAST кој следната година ќе лансира два електрични SUV модела во Европа, почнувајќи од германскиот, францускиот и холандскиот пазар.

„За Vinfast оваа соработка со AUTOBEST, едни од најреномираните експерти на европската автомобилска индустрија, е фантастична можност да го подобриме нашето пазарно лансирање на двата целосно нови електрични модели следната година. Нудењето транспарентни, релевантни информации на сегашните и идните возачи на електричните возила, со што ќе се поттикне електрификацијата на европскиот автомобилски пазар, целосно се совпаѓа со нашата визија за иднината на автомобилската индустрија“, изјави Бич Тран, извршен директор на Vinfast.

Автомобили избрани за тестот наведени по абецеден редослед:

марка и модел автономија батерии моќност цена во Шпанија
Citroën ë-C4 352 km 50 kWh 100 kW од 33.270 €
Cupra Born 424 km 62 kWh 150 kW од 37.400 €
Dacia Spring 230 km 27,4 kWh 33 kW од 18.420 €
Fiat 500 e 320 km 42 kWh 87 kW од 27.400 €
Honda e 222 km 35,5 kWh 111 kW од 37.390 €
Hyundai Kona e 305 km 39,2 kWh 100 kW од 35.650 €
Kia e-Niro 289 km 39,2 kWh 100 kW од 31.790 €
Nissan Leaf 385 km 62 kWh 160 kW од 37.770 €
Mazda MX-30 200 km 35,5 kWh 107 kW од 33.165 €
Opel Corsa-e 315 km 50 kWh 100 kW од 28.990 €
Opel Mokka-e 324 km 50 kWh 100 kW од 35.400 €
Peugeot e-208 340 km 50 kWh 100 kW од 29.950 €
Peugeot e-2008 322 km 50 kWh 100 kW од 33.250 €
Renault Zoe 389 km 52 kWh 100 kW од 33.535 €
Volkswagen ID.3 421 km 62 kWh 107 kW од 36.800 €

 

За AUTOBEST

AUTOBEST организацијата беше создадена во 2001 година со револуционерен концепт на „Best Buy автомобил“, односно автомобил кој нуди најмногу за својата цена достапен на европскиот пазар. За еден автомобил да стане AUTOBEST победник мора да претставува најдобра понуда за повеќето европски купувачи. Цената, сервисната мрежа, снабденоста со резервни делови и разновидноста на понудата се најважните критериуми во процесот на гласање. Дизајнот и новите технологии се исто така важни критериуми. При одлучувањето за победникот AUTOBEST жирито користи транспарентен систем на гласање, со сложена шема од 13 критериуми

За VINFAST

VinFast како подружница на Vingroup е водечки автомобилски производител во Виетнам и исто така првата виетнамска автомобилска марка што настапува на глобалниот пазар. Основан во 2017 година, VinFast поседува фабрички комплекс во Хаи Фонг (Виетнам) со напредна технологија и 90% автоматизација. Тој исто така е еден од најголемите комплекси во Југоисточна Азија. Со визија да стане марка за електрични возила која силно ќе ја забрза глобалната електрична еволуција, VinFast произведува електрични скутери и автобуси во Виетнам и ќе лансира низа електрични автомобили 2022 година.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER