AUTOBEST го одржа ‘ECOBEST Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’

• ‘EcoBest Challenge 2021 електрифициран од VINFAST’ тестот на реалната автономија во сообраќајот на електричните автомобили се одржа од 4 до 6 ноември во околината на Барселона
• AUTOBEST во партнерство со VINFAST и со логистичка поддршка на coches.net и техничка поддршка на Circutor тестираше 15 големосериски електрични автомобили кои се продаваат во Европа да се утврди реалната автономија и процесот на полнење на секој модел
• Резултатите од ECOBEST Challenge 2021 ќе бидат објавени на онлајн прес-конференција во ноември
• AUTOBEST возеше 15 избрани возила, сите со минимум 200 километри хомологирана автономија и цена до 32.000 € без давачки