На Audi му фалат бројки
Објавено на 24 јули 2019 година
Популарноста на СУВ моделите е толку голема што Audi снема бројки за најновиот и посегна по ознаката Sportback. Таа треба да навести дека се работи за купе изведба на компактниот Q3, кој несомнено ќе биде продажен хит. Со технологиите, опремата, механиката и сето останато во целост се базира на него, додека изгледот му е дефиниран со спортски спуштениот заден дел. Тој заедно со нешто помалата висина (-3 cm) му дава поагресивен изглед кој во целост делува складно и динамично. Возните својства ќе ги гарантираат 2,0 литарските бензинец и дизел со 230 и 150 коњи, од кои посилниот е со погон на сите тркала. Во иднина понудата ќе биде проширувана според барањата на купувачите, кои сега за Q3 Sportback ќе мора да издвојат најмалку 40 илјади евра.
Со неселективното зголемување на SUV понудата, производителот од Инголштат веќе со години уверливо е предводник на трендовите кои не оставаат простор некој да се запраша каде води сето тоа. Едноставно, воопшто не е тешко да се процени кој во која класа припаѓа – оние за кои е наменет веднаш го препознаваат.
Видео