Audi го најави Q8

Се ближи времето за претставување на новиот знаменосец на Audi
Објавено на 16 мај 2018 година

Објавувајќи скица од Q8, од Audi нé потсетија дека се ближи времето за негово претставување. Засега сé уште малку што конкретно се знае за новиот знаменосец на марката. Тој ќе има нов дизајн кој ќе се одликува со нагласени линии и ќе биде нешто поелегантен во однос на Q7. Исто како и другите топ модели на Audi ќе биде исполнет со мноштво нови технологии, а механички ќе биде близок со Lamborghini Urus и Bentley Bentayga. Иако официјално не е потврдено, се очекува да има plug-in хибриден погон со максимални 650 коњски сили.

Германците ветија серија најавни видеа со кои подобро ќе нé запознаат со новиот Audi Q8 пред неговото официјално претставување.

видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER