Audi AI:ME (со видео) :: Подготвен за новата ера

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Подготвен за новата ера

Audi во Кина премиерно претстави концепт на автомобил со вештачка интелигенција способен за автономно возење од 4-то ниво

објавено на 17 април 2019 година

Компактни димензии, пространост и футуристички ентериер – така во Audi го замислуваат автомобилот на иднината. Тие уште сметаат и дека силните забрзувања и големите крајни брзини се застарени и дека вештачката интелигенција ќе ја презеде контролата над возењето. Сето ова спакувано во малку чудна но сепак препознатлива каросерија беше главниот новитет на марката на салонот на автомобилите во Шангај. Погонот се разбира е електричен, во оваа концептна фаза со 170 коњски сили кои ги задвижуваат задните тркала. Добар дел од должината од 4,3 метри отпаѓа на меѓуоскиното растојание, а ширината од 1,9 и висината од 1,5 метри обезбедуваат прилично големи димензии на кабината која нема централен тунел на средината. Во неа патниците ќе можат да работат што сакаат, бидејќи способноста за автономно возење од 4-то ниво им го дозволува тоа.

И првите две букви од ознаката на концептот AI:ME посочуваат на тоа. Зад нив се крие збир поврзани иновативни технологии, односно електронски системи кои нудат нови можности за користење на автомобилот и времето поминато во него. Патниците ќе можат интерактивно да комуницираат со возилото, а тоа пак со инфраструктурата и целокупното опкружување. Сепак иако е замислен првенствено за градска употреба, ангажманот на вештачката интелигенција ќе биде ограничен на автопатишта и посебно опремени подрачја на кои возачот ќе може во целост да ја препушти контролата.

Што се однесува до надворешниот изглед, AI:ME има различни пропорции од било кој друг модел на Audi. Футуристичките идеи не преовладуваат како што е вообичаено кај ваквите концепти, заради што неговиот дизајн најверно би можел да се опише како алтернативен. Превисите напред и назад се кратки, аголот на хаубата и ветробранското стакло остар а големите врати се отвораат во спротивни насоки. И покрај ова, Audi AI:ME сепак не изгледа како големо коцкасто комби, туку зрачи со динамичност. Неа посебно ја нагласуваат 23-инчните тркала и вешто вклопениот заден дел. Сето ова го разликува од студиите на главни конкуренти, давајќи впечаток дека е подготвен за пазарен настап. Но за такво нешто од Инголштат засега нема никаква најава.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER