Audi Activesphere концепт
(фото-галерија, видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Автомобил од следната генерација

Audi веќе има претставено три концепта од Sphere серијата – ова е четвртиот

Славејќи го напредокот, Activesphere концептот комбинира исклучителна елеганција со импресивни перформанси и пионерска функционалност. За него од Audi наведуваат дека е израз на крајна слобода за луѓето кои уживаат на отворено, било тоа да се спортови на вода, скијање, голф, но и возење на предизвикувачки планински патишта – Activesphere концептот нуди врва варијабилност за сите активности, додека неговата комуникациска технологија создава единствено искуство. Заради сето ова, Activesphere е најавен како автомобил од следната генерација, со електричен погон и автономно возење.

Студијата доаѓа во форма на робусен теренец со исклучителни можности за на возачите да им овозможи активен животен стил. Има повишен став и сет големи тркала, во контраст со каросеријата со флуидни линии и тесни, остро дизајнирани светла. Преполн е напредни технологии и креативни решенија за поголема практичност, опуштено возење и еколошка одржливост. Со помош на прилагодливото воздушно ослонување растојанието од подлогата е променливо. Стандардно тоа изнесува 208 милиметри, но за теренско возење може да се зголеми на 248, а за на автопат да се спушти на 168 mm, со што се подобруваат управливоста и аеродинамиката.

Големите врати кои се отвораат една наспроти друга и недостатокот на централните столбови овозможуваат лесен пристап до кабината која има четири единечни седишта кои изгледаат како лежалки со интегрирани наслони за рацете и главата. На покривот на возилото е сместена интересна технолошка карактеристика – четири поединечни слушалки за комбинирање на реалната и дигиталната околина кои изгледаат како стилски пар очила. Тие на сите патници им обезбедуваат пристап до нов свет можности кога е во прашање интеракцијата на човекот и машината без потреба од екрани или физички контроли.

Activesphere концептот кој е базиран на PPE платформа има должина од 4,98 метри, широчина од 2,07 и височина од 1,6 метри, со меѓуоскино растојание од 2,97 метри. Опремен е со електромотори на предната и задната оска со комбинирани 442 KS и 720 Nm максимален вртежен момент, кои му даваат 4×4 погон. Батериите од 100 kWh кои работат на 800 волти обезбедуваат автономија од преку 600 km, а на брз полнач за 24 минути може да се дополнат од 5 до 80% од капацитетот. Како и претходните концепти од Sphere серијата, не се очекува директно да еволуира во сериски модел.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 82.00 ден
  • еуросупер 98 - 84.50 ден
  • еуродизел Д5 - 73.00 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 82.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER