Иако не е револуционерен како својот истоименик од почетокот на милениумот, и новиот A2 e-tron е доста напреден
Audi ги доведува при крај подготовките за претставувањето на својот најмал електричен модел но не можеше да се воздржи до есенва и сподели со нас неколку значајни карактеристики за него. При неговиот развој фокусот е ставен на енергетската ефикасност и тоа на сите нивоа.
Под модерната каросерија чија камуфлажа не ги крие линиите на идниот хечбек се наоѓа унапредена верзија на MEB платформата на групата Volkswagen. Работи на 400 волти, има литиум-ферофосфатни батерии со капацитет од 61 kWh и подржува двонасочно полнење. Новиот APP350 електромотор со 190 коњски сили сместен назад има значително намалени механички губитоци и ефикасен систем за подмачкување. Аеродинамиката е исклучително унапредена со бројни умни решенија со што е постигнат коефициент на отпорот на воздух од 0,24. Благодарејќи на ваквата комбинација се очекува потрошувачката на енергија да изнесува 12,8 kWh на 100 километри со што ќе се постигне приближно 500 километри автономија.
Цената на новиот A2 e-tron сé уште не е објавена но сигурно ќе биде доста над технички сестринскиот Volkswagen ID.3.



