Audi за новата турбо-ера во DTM (со видео)

Audi за новата турбо-ера во DTM

објавено на 5 мај 2019 година

Сезоната во DTM започнува, годинава со нови правила. Тие се толку променети што најавуваат нова ера во славниот шампионат. Замислени се да бидат идентични со јапонската супер GT серија, со која од наредната 2020-та ќе се возат заеднички трки. Тоа значително ќе ја зголеми конкуренцијата, за што производителите веќе се подготвени. Така на пример Audi кој ќе настапува со 4 тима и 8 возила, две ипол години го развиваше моторот за нив. Според новата регулатива тој е дволитарски со четири цилиндри и испорачува 610 коњски сили при 9.500 вртежи во минута. За време на престигнувања, со притисок на копче силината краткотрајно му се зголемува за уште 30 коњи. Со своите 85 килограми за половина е полесен од досегашните V8 машини, а значително е и поекономичен. Ова е доста важно бидејќи количината на гориво е ограничена на 95 килограми на час. Овој мотор е проектиран да издржи цела сезона, односно околу 6.000 километри. Со него тркачкиот Audi RS5 забрзува до 100 километри на час за 2,8 секунди.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER