Aston Martin Valkyrie (со видео) ☬ Ѕверката е пуштена!

Ѕверката е пуштена!

Aston Martin Valkyrie е најекстремниот патен хиперавтомобил кој ќе биде и платформа за идните настапи на FIA светското првенство во издржливост

Објавено на 16 јули 2019 година

Aston Martin ја спушти завесата пред својот најнов хиперавтомобил Valkyrie, кој своето прво јавно динамично деби го имаше пред публиката на трката од формула 1 на Силверстоун минатиот викенд. Тест пилотот Крис Гудвин им покажа што може овој 1.176 коњски сили моќен уличен болид кој својата сила ја влече од бензински атмосферски V12 мотор од Cosworth од 6,5 литри. Настана како резултат на техничката и стратешка соработка меѓу Aston Martin, Red Bull Advanced Technologies и проектниот партнер AF Racing. За него претседателот на компанијата и извршен директор на групата Енди Палмер изјави дека поседува неспоредливо ниво перформанси во пакет кој технолошки е над сé останато. За жал, во тоа ќе се уверат само 150 негови сопственици кои одамна застанаа во ред за својот примерок.

Aston Martin Valkyrie се развиваше пет години, а првите испораки ќе започнат во четвртиот квартал годинава.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER