Aiways U5 » Кинеска инвазија на Франкфурт (со видео)

Top News Занимливости Новитети Поглед во иднината

Кинеска инвазија на Франкфурт

Пишувавме за нив на почетокот на годината, со само како за Кинези со (пре)амбициозни желби

Објавено на 13 септември 2019 година

Се случи и тоа – Кинези со електричен автомобил поминаа 15.000 километри за да стигнат до Франкфурт. Настрана светскиот рекорд што притоа го постигнаа, ентузијастите од Aiways докажаа дека Европа не смее да ги игнорира сигналите од другиот крај на светот за освојување на пазарната територија на Стариот Континент. Колку и да звучи за неверување, вистината сепак е поткрепена со тоа што две електрични возила, сé уште во фаза на прототипи, успеаја во ова свое патување со епски пропорции да стигнат од градот Си’ан во Кина до Германија. Патувањето траеше 53 дена, за кои кинеските екипи поминаа низ 12  држави. Тие беа составени од инженери кои се грижеа сé да помине колку-толку без проблеми, притоа следејќи го однесувањето на возилата и собирајќи корисни информации за натамошниот развој. За нивната самоувереност говори и тоа што иако немале реална потреба, маршрутата што ја одредиле ги спровела и низ Норвешка, Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Франција и Швајцарија, земји кои се познати по своите иницијативи за воведување на електрифицираните возила во своето секојдневие.

Сé на сé, заклучокот од подвигот на Кинезите е еднозначен – на нив треба сериозно да се смета. Можеби нема да биде токму Aiways со своите (пре)скапи кросовери, но некои од нив еден убав ден во иднината сериозно ќе тргнат во освојување на европскиот пазар во кое никој нема да може да ги запре. Што се однесува до самите возила, тие се во фаза на добивање европска хомологација. Компанијата ветува автономија од 460 километри и премиум квалитет на изработка. Планот е нивната продажба тука да започне во април идната година.

Видео

клучни зборови: