Abarth стана електричен (видео)

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

На пазарот од февруари

И Abarth зачекори во електричните води – новиот 500е е првиот обид на марката да покаже што умее во новото време. А тоа не е малку иако така изгледа, бидејќи новиот 500e е базиран на веќе добро познатиот Fiat 500е. Облагородувањето сепак е целосно, како што заслужува секој автомобил кој го носи знакот на скорпијата. Затоа и првиот одржлив модел на Abarth кој стапи на сцена за да ја предводи марката низ процесот на електрична трансформација е доста интересен. Опишан како прилагодлив и возбудлив за градско возење и брз и угоден за предградијата, освен со електричниот погон може да се пофали и со дизајнот. Со радикалниот спортски имиџ не ја крие својата личност за која дизајнерите побарале инспирација во минатото. Новото лого, ЛЕД светлата и агресивната маска му даваат препознатлив и смел изглед кој ги истакнува неговите перформанси.

Погледот во внатрешноста на Abarth 500е открива спортско и технолошко опкружување. Возачката позиција е дигитална и комбинира два екрана – оној за инструмент таблата и централниот кој е нервен систем на кабината. Тука се и камерата од 360 степени, JBL озвучувањето, системот за стартување без клуч, спортските седишта и пар други веќе вообичаени работи. Не треба да ги запоставиме ниту безбедносните и системите за помош на возачот кои вклучуваат препознавање сообраќајни знаци, автоматско кочење, адаптивен темпомат, детектор на мртвите агли и друго. Но најбитно е што Abarth 500е е автомобил кој нуди импресивно искуство преку генераторот на звук кој го репродуцира работењето на бензинските машини со кои скорпиите нижеа рекорди. Некому ќе му се допадне и тоа што овој генератор на звук може да се активира или деактивира кога возилото стои.

Основа на погонскиот систем е литиум-јонска батерија од 42 киловат-часа која напојува еден електромотор сместен на задната оска, што значи дека овој Abarth како и некогаш има погон на задните тркала. Развива максимални 155 коњски сили кои му даваат перформанси подобри од оние на Abarth 695. Забрзува од 0 до 100 за само 7 секунди и достигнува максимална брзина од 155 километри на час. За жал, Италијанците ја сокрија автономијата од очите на јавноста, но како референца можеме да ги земеме 320-те километри на Fiat 500е. Има три режими на возење кои во зависност од изборот се фокусираат на удобност, ефикасност или максимални перформанси. Како и многу други електрични модели, има можност за возење со една педала. Што се однесува до времето на полнење, потребно е помалку од 5 минути да се наталожи резерва струја доволна за просечни дневни потреби – околу 50 километри.

Доаѓањето на првиот електричен Abarth во европските продажни салони е предвидено е за првата половина на наредната година. Цените засега се непознати, а во првата комерцијална фаза приоритет ќе има онлајн продажбата. Резервации веќе се примаат.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER