Париз 2026: Renault E-Space (видео, фото-галерија)

Concept E-Space ја продолжува традицијата на Renault што ја негува повеќе од четири децении

Великодушно пропорциониран, со зголемени димензии од актуелниот Еѕрасе направени се визуелни освежувања со пократки надвиснувања и 23-инчни алуминиумски тркала. Нова карактеристика е светлосниот потпис на предниот и задниот дел со широка светлосна лента во форма на буквата Y ја опкружува целата предна решетка.

Дизајнот на концептот црпи инспирација од оригиналот претставен во 1984 година, со пространи стаклени површини на страните и покривот наменети да создадат чувство на транспарентност и осветленост. Во интериерот има шест индивидуални седишта. Целосно рамниот под го прави концептот E-Space без бариери.

Сите седишта се идентични по големина и дизајн и лесно можат да се ротираат околу сопствената оска. Двете седишта во вториот ред можат да се вртат за 180 степени за да формираат група од четири заедно со третиот ред. Во положба свртени напред, патниците од вториот ред можат да користат преклопни маси и 12,3-инчни екрани монтирани на грбот на предните седишта.

Екранот во кокпитот на концептот Renault E-Space се протега на 1,13 метри по целата ширина на ентериерот и е висок 11 сантиметри. Неговиот закривен дизајн наскоро ќе се види во претстојните модели на Renault во повисоките класи на возила, како што се Rafale и Scenic. Сепак, екранот не е екран на допир. Сите контроли се наоѓаат на два флексибилни екрани, кои се монтирани на цевчеста основа заедно со воланот.

Компактниот волан нуди непречен поглед на панорамскиот екран, а ја употребува технологијата steer-by-wire што му овозможува на возачот непречено да го прилагоди аголот на управување според своите потреби. Renault планира да користи 30 проценти рециклирани материјали во своите идни модели, а концептот E-Space оди чекор понатаму. Во внатрешноста се користат природни и рециклирани материјали што го олеснуваат рециклирањето на целото возило. За погоните уште е рано да се зборува.

 

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER