Претставен новиот Mitsubishi Eclipse Cross (видео, фото-галерија)

Пристигнува и електричен ребрендиран модел на Mitsubishi

Како што беше најавено пред некој месец, Mitsubishi го претстави новиот Eclipse Cross. Моделот остана кросовер но сега е електричен, поточно ребрендиран Renault Scenic e-Tech, иако тоа во соопштението на јапонскиот производител никаде не се споменува. Тој како прв електричен модел на марката од новата ера ќе ја поведе во нова насока и заедно со останатите модели позајмени од францускиот партнер ќе се обиде да го врати некогашниот сјај на трите дијаманти.

Иако ги дели димензиите и основниот облик на каросеријата со Scenic, дизајнот на новиот Eclipse Cross има сопствен потпис претставуван преку Dynamic Shield стајлингот на предниот дел. За разлика од надворешноста, погледот на ентериерот покажува дека е идентичен на францускиот донатор што воопшто не е лошо – простран, сестран и со најсовремени технологии ги задоволува потребите на денешните семејства.

Електричната платформа е истата како и кај Scenic, Megane, Nissan Leaf, Ariya и Alpine A390, проверена, докажана и прифатена од купувачите. Ќе се нудат две верзии, за почеток со 218 коњски сили и батерии од 87 kWh кои обезбедуваат автономија од околу 600 километри. Нешто подоцна и ќе се појави и поевтина верзија со послаб мотори со помали батерии. Адут ќе му биде и осумгодишната гаранција.

Официјално цената која според очекувањата треба да изнесува околу 38.000 евра не е позната. Ниту пак точниот датум на пазарно лансирање што веројатно ќе биде на почетокот на идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER