По подолго време прв модел на Subaru со погон на предните тркала

Како и со Solterra и Trailseeker, Subaru ги искористи технологиите на Toyota за својот трет електричен модел, овој пат од CH-R+. Јапонците велат дека овој модел е развиен да обезбеди чувство на авантура и робусност во возењето, посебно во природа. Акцент е ставен на нестабилните возни површини како земја, песок или снег заради што во конструкцијата е користен лесен и цврст челик.

Во понуда ќе бидат две верзии, со погон на предните тркала и 221 коњска сила и автономија од 492 km. Посилниот модел со Symmetrical AWD погон има 338 коњи и малку помала автономија од 467 km, но затоа забрзува до 96 километри на час за помалку од 5 секунди. Батериите од 74,7 kWh се полнат од 10 до 80 отсто за околу половина час, дури и на ниски температури.

Внатрешноста во голема мерка наликува на Toyota CH-R+, со вообичаена опременост за вакви возила. Продажбата во Америка ќе стартува на почетокот на идната година а сигурно ќе го видиме и во Европа.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER