Porsche Tycan загрме во Скопје – Сега доби верзија со над 950 коњи

Вчера на македонските поклоници на Porsche им беше претставен ажурираниот Tycan чија појава ги вознемири духовите

Кога беше лансиран обновениот Tycan, на почетокот на февруари, од Porsche Center Skopje највија неговата македонска премиера ќе се случи за 60 дена. Речено – сторено. Премиерата помина во знакот на TycanS .

Трите изведби на првиот електричен модел на Porsche се значително освежени, добија поостар дизајн што и не е толку многу важно, бидејќи вистинските подобрувања се однесуваат на возните својства. Моделот Turbo благо се разликува во поглед на дизајнот од претходно. Натписот на Porsche во светлосната лента одзади е тродимензионален и има стаклен изглед. За прв пат е достапен на барање во осветлена верзија со анимации за поздравување и збогување. Таблата со инструменти, централниот дисплеј и опционалниот патнички екран имаат оптимизиран кориснички интерфејс со дополнителни функции. Најважно за корисниците на ЕВ е податокот за зголемувањето на автономијата за 175 километри или за цели 35 отсто.

Во зависност од варијантата на каросеријата и моторот, опсегот според WLTP се зголемува до 678 километри. Performance Battery Plus сега има бруто енергетски капацитет од 105 наместо 93 kWh. Воедно зголемувањето на батеријата овозможува полнење со моќност до 320 kW што е за 50 kW повеќе од претходната генерација. Во исто време, рамката за брзо полнење на новата батерија е значително проширена. Ова значи дека капацитетите за полнење од над 300 kW а потребното време на полнење од десет до 80 проценти се намалува на само 18 минути, а  рекуперацијата е значително зголемена. Со новата функција Push-to-Pass на пакетот Sport Chrono, во зависност од моделот, се добива дополнителна моќност до 70 kW во траење од десет секунди. Поспортските вредности за забрзување се резултат на генерално повисоките перформанси на системот. Основниот Taycan испорачува 60 kW повеќе од претходно.

Кај Taycan Turbo S зголемувањето е дури 140 kW кога се користи контролата за лансирање. Ова ги зголемува системските перформанси на врвната изведба на 700 kW (952 КС). Спортските седани, Taycan и Taycan Turbo S, достигнуваат 100 км/ч од место за 4,8 односно 2,4 секунди, вредности кои ги прават побрзи од нивните претходници. Трите изведби, Taycan, Taycan Cross Turismo и Taycan Sport Turismo се стандардно опремени со адаптивна воздушна суспензија. Новата шасија Active Ride може да се нарача како опција за верзиите со погон на сите тркала. Иако стандардната опрема е уште пообемна од претходно, моделите тежат и до 15 килограми помалку. Обновениот Taycan веќе може да го видите во изложбениот салон на Porsche Center Skopje.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER