Во пресрет на новите модели
Групацијата Renault можеби нема да биде партнер со Lotus за развој на идни модели и платформи на Alpine
Групацијата Renault се стреми кон самостојно развивање на платформата за идните модели на спортската марка Alpine. Инженерите на францускиот производител на автомобили имаат доволно стручност за да ја направат платформата, која компанијата ја смета како клучен дел за рестартирање на брендот Alpine. Renault во 2021 година најави соработка со Lotus на платформата за замената на A110, која ќе биде целосно електрична и се очекува да се појави до 2027 година.
Lotus е контролиран од кинеската Zhejiang Geely Holding Group, која неодамна го удвои својот удел во Aston Martin. Оваа одлука веројатно нема да ги влоши односите со Geely, со кого Renault е партнер на други проекти. Портпаролката на Alpine рече дека компанијата се уште е во разговори со Lotus за проектот и допрва ќе ја соопшти конечната одлука во догледно време. Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, направи многу за афирмирање на брендот што вклучува зајакнување на атрактивноста на Alpine и забрзана транзиција во електрична марка. Како дел од тој план го ребрендираше Формула 1 тимот на Renault во Apline!
Исто така, од еден модел, спортското купе А110, ќе има три целосно електрични автомобили, почнувајќи од малиот А290. По него ќе следи компактен теренец, а за неколку години и кросовер од средна големина. Продажбата на Alpine се зголеми за 33 отсто минатата година со нотирани 3.546 автомобили. Дали ова е само маневар за подобрување на преговарачките позиции со Кинезите тешко е да се каже. Групата Renault има стратешко партнерство со Geely во Samsung каде на платформа на кинеската марка ќе се развиваат и произведуваат хибридни возила од двете марки. Од друга страна, Geely стана еден од најголемите глобални производители обезбедувајќи сопственост во дури 15 брендови испорачувајќи им технологија и финансии.


