FIAT TIPO – освежен и дополнет

Tipo Life & Cross

Отсега и крос-овер

објавено 28 октомври 2020

Потполното рестилизирање на трите каросеријски изведби дојде во вистинско време. Првичниот ентузијазам околу овој модел како да опадна па италијаните реагираат не само со темелен редизајн туку и со две основни теми кои ги развиваат со опременост. Типично италијански би рекле, бидејќи и најмалите измени имаат помпезна прикаска која може да се напумпа до епски димензии. Новата гама е базирана на веќе познатите три каросеријски изведби со четири, пет врати и караван на кои ќе им се придружи крос-оверски стокмената верзија Cross. Новата генерација на Tipo е потполно освежена со силен апостроф на предницата каде светла се потполно сменети и се со LED технологија. Забележливи се зафатите на маската на ладилникот и браниците, а целата контура сега делува младешки. Во внатрешноста освежена е атмосферата со потполно нови тапацири, TFT кластерот ги замени аналогните инструменти. Ова остварување е впарено со новиот UConnect 5 радио со 10,25 инчен екран осетлив на допир кој е превземен од новиот 500. Каросеријски гледано на досегашните три изведби им се придружува четврта по вокација крос-овер. Тој е за четири сантиметри повисок од останатите изведби и изведен е по примерот на моделот 500Х. ТУка кај некои производители би завршила прикаската, но полека, ова е италијански бренд и има уште да се раскажува. Новиот Tipo Cross е скоро седум сантиметри повисок со додаток на ”теренски” елементи како што се исфрлените браници, лакови на крилата, дури и дискутабилната ” bull bar” шипка…

Една од нај дискутабилните теми кога повторно се појави Tipo беа моторите обвинети дека трошат доста масло. Тој пропуст е решен со воведување на новиот три цилиндерски турбо-бензинец од 100 коњи и 190 Nm при само 1.500 врт/мин.м Тој ќе го смени досегашниот 1,4 литрен четири цилендерски мотор на чија адреса беа упатени најголемите критики. Дизелите ги има два верзии од семејството Multijet со работна зафатнина од 1,6 литри. Двата се во склад со Euro 6D нормите за издувни гасови без оглед дали се работи за верзијата од 95 или 130 коњи. Од неговото појавување во 2016 година гамата Tipo ја освои престижната титула Autobest. Податокот дека повеќе од 70% од продажбата се одвива вон Италија и за неполни четири години забележани се 670.000 продадени примероци даваат реална мерка на оптимизам за обновената и проширената гама.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER