Електрични возила » Целосно различно од сé што досега сме виделе (со видео)

Целосно различно од сé што досега сме виделе

На повидок ли е револуција меѓу електричните возила?

Објавено на 9 јуни 2020 година

Израелската старт-ап компанија REE Auto претстави ултрафлексибилна платформа наменета за електричните возила, целосно различна од сé што досега сме виделе. При нејзиното конструирање се користени повеќе иновации, суштински поврзани со рамниот сендвич-под во кој се сместени батериите. Главната иновација сепак се тркалата, секое независно едно од друго склопени во единечен модул заедно со мотор, ослонување и системите за сопирање и управување. Сето тоа се контролира и усогласува во работењето електронски. Од REE велат дека во случај на потреба овие модули можат да се симнат од шасијата и заменат за само 18 минути. Ваквата конструкција овозможува голема слобода на инженерите при правењето на надградбата, која може да биде различна во зависност од наменета. Интерес за овој изум покажа филијалата на Toyota задолжена за комерцијални возила, Hino Motors. Израелците за нив веќе имаат подготвено верзија на својата шасија со шест тркала, која е на длабинско испитување во Јапонија. Сепак, прерано е да се зборува за иднината и перспективите што ги има.

Видео

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER